Светлината и сенките ја разбудија детската креативност на „Илинденски денови“

од July 25, 2026 0 коментари

Во рамките на 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“, во Центарот за култура се одржа креативната работилница „Сенки“, под водство на уметницата и педагог Весна Дунимагловска.

Преку игра со светлина, сенки, хартија и проѕирни материјали, најмладите учесници создаваа оригинални визуелни композиции, откривајќи како едноставните форми можат да прераснат во уметнички приказни.

Работилницата им овозможи на децата на интерактивен начин да ја истражуваат врската меѓу светлината, просторот и фантазијата, поттикнувајќи ја нивната креативност и слободата на изразување.

Весна Дунимагловска и годинава уште еднаш ја потврди важноста на креативните работилници како дел од фестивалската програма, приближувајќи ја уметноста до најмладите преку игра, истражување и создавање.

Со ваквите содржини, „Илинденски денови“ продолжуваат да ја негуваат детската креативност и да создаваат простор каде што уметноста станува искуство, а имагинацијата – главен творец.

Babam Bitola

Comments are closed.