“Сакајте го гратчето мало, сакајте го она што Ви се дало”, преслатка поема од младата битолчанка Симона (15)
Како што Драгор тече,
така душата убавини ти влече.
Спомени убави во глава ти идат
и до крајот на животот нема да загинат.
Низ чаршија ако идиш,
мора кабадајлук да видиш.
Мајтапи се редат разни,
и оставаат запечатени приказни.
На Широк Сокак секогаш има врева,
а од жешкото сонце под сенка се бега.
Во паркот дечиња мали,
детска смеа на сите страни.
И младо и старо,
сѐ ќе видиш по градо.
Растрчани лево-десно,
низ чикмаци се движат бесно.
Сакајте се и смејте се битолчани мои,
оти насмевката на лицето најубо ви стои.
Сакајте го и гратчето мало,
сакајте го она што ви се дало.
Симона Ѓалевска (15)