РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека саботниот натпревар од првото коло на плеј-офот помеѓу Еурофарм Работник и Пелистер ќе има хуманитарен карактер и билетите ќе чинат 70 денари. Еурофарм Работник верува дека со овој гест ќе испрати вистинска порака до сите битолчани и искрени љубители на ракометот.

Натпреварот ќе започне в сабота на 24 март со почеток во 18.30 часот. Ова е трето соочување на двата битолски клуба ова сезона, а секоја од екипите победи по еднаш во досегашните соочувања.

Првото коло од плеј-офот почнува денес со натпреварот Металург – Пролет, а уште играат Охрид и Вардар.

Фото Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here