„Последна фотографија“, така била насловена оваа сцена пред уривањето на дел од стара Битола.
Во името на тогашната градежна акција „Подадена рака“ и отворањето нова сообраќајница кон мостот на Драгор, Покриената чаршија, Безистен и железничката станица, под багерите исчезнувале згради и дуќани кои со децении биле дел од градскиот лик.

На фотографијата е една од зградите непосредно пред уривањето. Во неа некогаш биле сместени Историскиот архив, инспекциските служби и продавници на „Прехрана“. Зад неа се наоѓала и зградата на некогашниот еврејски трговец и манифактурист Челебон.

Се градела нова Битола, но истовремено исчезнувало парче од старата.
Денес остануваат само ваквите фотографии, како тажно сведоштво за она што градот го имал, а повеќе го нема.
