Денес, во просториите на кожно одделение во болницата “Трифун Пановски” Битола, од страна на Ротаракт Клуб Битола и ПЗУ “Др. Костурски” Битола беше дониран дермоскоп кој ќе им послужи на докторите/ките од кожното одделение успешно и прецизно да ги идентификуваат кожните болести.

Изминатиот 1 декември 2023 година беше организиран традиционалниот настан за денот против борба на Сидата од страна на Ротаракт клуб каде собраните хуманитарни средства и донацијата од ПЗУ “Др. Костурски” се наменија кон кожно одделение. Успеавме да го обезбедиме најскапиот препарат во вредност од 2100€ (1000€ донирани од ПЗУ Др. костурски и 1100€ донирани од Ротаракт Клуб Битола) и истиот денеска беше предаден од страна на овогодинешната претседателка на Ротаракт Клуб Битола, Криста Павлоска и двајца претставници од клубот, Константин Џиланов и Филип Стојановски.

Оваа е една од многуте донации кои клубот Ротаракт ги овозможил за болницата и се надеваме и во иднина на соработка со истата.