Во фоајето на НУ Центар за култура Битола, на 15 октомври 2025 (среда) во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Чоканче“, посветена на една од најзначајните битолски рок групи

Да ја погледнеме рок приказната што ја напишаа членовите на Чоканче!
Од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес — Чоканче останува симбол на битолскиот бунт, енергија и музичка автентичност.
Со авторски песни снимени за Радио Битола и МРТ, со бројни настапи и искрена љубов кон публиката, групата повеќе од четири децении ја чува својата искра жива.
Изложбата нуди ретки фотографии, моменти од настапи и приказни кои ја доловуваат атмосферата на едно време и една генерација што го промени звукот на градот.