Во најмагичната ноќ од годината, на самиот почеток на Новата 2026 година, се роди првото бебе во Битола. Станува збор за женско бебе – Бистра, која на свет дојде во 02 часот и 50 минути.

Веста ја сподели докторот Тихомир Велевски, посочувајќи дека раѓањето на Бистра претставува симбол на светлина, нови почетоци и надеж со која започнува Новата година.

„Нека Бистра расте здрава, среќна и опкружена со љубов, а нејзината насмевка секогаш да го разубавува светот околу неа“, порача докторот Велевски во својата објава.

Роденденот на првото бебе во Новата година традиционално носи силна симболика и радост за целиот град. Од срце честитки до среќните родители и семејството, со желби Новата 2026 година да им донесе уште многу радости, здравје и гордост.

Добредојде, Бистра. 🌸👶