Единствената девојка која со неполни 14 г. учествува во мотокрос натпреварите во Македонија е битолчанката Ева Дамјановски која такмичеше во друштво со посилниот пол и со роденденска торта беше изненадена на трката во Смолево која се одржа изминатиот викенд во Битола:
Последната трка од оваа година ја завршив со најголем успех и се борев до крај. Фала ви што направивте овој ден да биде незаборавен и да бидам победник! Од срце сакам да се заблагодарам на Кристина Димитровска и Ване Влашето Димитровски и на Јана Наилс Македонија што ми го направивте роденденот посебен, на моите родители, брат ми, мојот најдобар клуб Ендуро Теам Водно – Скопје , оние кои секогаш веруваат во мене Гет Оне, Булевар Пекара, Гио Принт, НОЦЦО, Фитфорлифе Џим и сите битолчани кои дојдоа да ни дадат поддршка на сите нас!…ни додаде Ева Дамјановска.
Петар Димитријевски