Ракометарките на Пелистер славеа на последниот натпревар од 14 коло со кој се спушти завесата во есенскиот дел од Женската Лига. Избраничките на Викторија Мурговска беа подобри од Вардар Јуниор со 32:25, а на полувреме водеа со 11:7.


Фатија ред уште од стартот битолчанки и поведоа со 7:2, за на пауза да имаат 4 голови позитива. Во вториот дел гостинките се што сторија беше тоа што намалија во два наврати на минус 2, но тоа беше се од нив.
Во финишот домаќинките водеа и со плус 13, 31:18, но се опуштија, па Вардар Јуниор го направи поразот поднослив за конечни 32:25. Најдобри во домашниот тим со по 6 голови беа Дабевска, Каранфиловска, Јанкуловска и Талевска
Кај Вардар Јуниор се истакна Ива Божиновска со 7 голови, а по 4 постигнаа Трпевска и Диневска. По 14 одиграни кола, на првата позиција убедливо се наоѓа Вардар со 42 бодови, додека втор е Пелистер со 28, бод пред Куманово и Металург.

Извор 24ракомет.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here