РК Еурофарм Пелистер ќе им даде поголема шанса на помладите играчи на гости во Прешов

од April 9, 2023 0 коментари

Александар Јовиќ: Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега.

Марио Танкоски: Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.
По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми мај против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула.

Babam Bitola

Comments are closed.