Почитувани љубители на ракометот, од Управата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер известуваат дека натпреварот од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Мешков Брест кој се игра оваа сабота на 21.08.2021 година во Битола ќе се одигра со публика според предвидените протоколи.

РК Еурофарм Пелистер како организатор на овој натпревар ќе ги превземе сите мерки за организацијата за натпреварот да помине со целосно почитување на протоколите и највисоко ниво на заштита. За таа цел се разбира ќе биде потребно нашите навивачи и симпатизери целосно да се придржуваат на препораките и протоколите. На натпреварот ќе може да присуствуваат само лица кои ќе приложат потврда за извршена ЦЕЛОСНА КОВИД-ВАКЦИНАЦИЈА.

Билетите за натпреварот по цена од 200 денари ќе може да се купат исклучиво онлајн преку платформата за продажна на билети (https://kartieurofarm.mk).

Продажбата на билети ќе започне петок 20.08.2021 година во 18:00 часот и страницата ќе биде отворена се до целосно исцрпување на предвидените билети за наппреварот. Со една трансакција ќе може да се купат максимум три билети. Ве информираме дека доколку купите билет, а немате потврда за целосна ковид-вакцинација билетот НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ И РЕФУНДИРА.

В сабота 21.08.2021 година секој поединец кој има купено билет за натпреварот ќе мора да изврши промена на испринтаниот билет со билет за влегување на натпреварот. При тоа секој индивидуално ќе мора да приложи потврда за целосна ковид-вакцинација. Пултот за промена на билетите ќе биде отворен пред спортската сала Боро Чурлевски во следните термини:

– Од 11:00 до 13:30 часот замена на билети за јужна трибина
– Од 13:30 до 16:00 часот замена на билети за северна трибина

При влез секој ќе мора да го покаже билетот кој и електронски ќе се чита и идентификува. Влезот во спортската сала ќе биде строго ограничен и се замолуваат сите лица кои нема да имааат билет за натпреварот да не се обидуваат да влезат во салата и со тоа непотребно само да создаваат гужви. Столчињата на кои ќе може да се седи во салата ќе бидат јасно означени и се замолуваат сите гледачи цивилизирано да се придржуваат до своите места за седење.

Извор и фото насловна РК Еурофарм Пелистер