И покрај поразот, ракометарите на РК Еурофарм Пелистер прикажаа одлични моменти кои не останаа незапаметени од страна на ЕХФ.
Така, погодокот на Ник Ханингман се најде на 4-та позиција во ТОП 5 на голови за колото, додека одбраната на Саид Хаидарирад исто така беше рангирана на 4-та позиција меѓу ТОП 5 одбрани.
Сигурно е дека и во иднина играчите на Еурофарм Пелистер ќе продолжат да прикажуваат квалитетни игри, и како што досега секое коло некој од тимот бил во ТОП 5 на ЕХФ, така и понатаму ова ќе биде причина ЕХФ повторно да ги забележи нивните настапи.






