Младинската екипа покажа неверојатна борбеност и заедништво на теренот, што резултираше со заслужена победа. Сепак, триумфот е засенет од една непријатна вест.
Младиот играч Самоил Ристевски, кој е дел и од младинската и од сениорската екипа, заработи скршеница на ногата. Во моментот тој се подложува на оперативен зафат, а сезоната за него е завршена.
Оваа победа против Алкалоид од 24:23 е посветена токму на Самоил – со желби за брзо закрепнување!
Финалето на Ф4 за шампион на Македонија во младинските категории се игра утре, на 25 мај, со почеток во 16:00 часот.