РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Павле Атанасијевиќ

од November 24, 2022 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. 19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејството Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.

Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство.

Babam Bitola

Comments are closed.