Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер најавува навремено започнување на процесот за резервација и продажба на сезонски билети за претстојната натпреварувачка сезона 2025/26. Зголемениот интерес од навивачите и љубителите на ракометот во Битола го поттикна клубот значително порано од вообичаено да понуди можност за обезбедување на место во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Од понеделник, 14 јули, сите иматели на сезонски билети од минатата сезона ќе имаат можност да го резервираат своето исто место и за новата сезона. Резервацијата ќе се врши во канцеларијата на РК Еурофарм Пелистер, а оваа можност ќе биде отворена до петок, 18 јули. Резервираното место треба да биде уплатено најдоцна до првиот домашен натпревар (6 септември), во спротивно билетот ќе биде пуштен во слободна продажба.

Редовната продажба на сезонски билети ќе започне на 21 јули и ќе трае сѐ до 6 септември. Цените се:

7.000 денари за централните позиции

6.000 денари за страничните позиции во салата „Боро Чурлевски“

Сезонскиот билет вклучува влез на сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во сите натпреварувања: Лига на шампиони, Суперлига и Куп на Македонија.

Оваа сезона нема можност за плаќање на рати, поради што процесот започнува 50 дена пред стартот на сезоната.

Поединечните билети за натпреварите ќе бидат достапни неколку дена пред секој натпревар. За натпреварите од Лигата на шампиони цените се:

550 денари за централни места

450 денари за странични места

Клубот дополнително ќе ги информира имателите на сезонски билети за времето и начинот на замена на хартиените со пластифицирани билети.

РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите поддржувачи да го обезбедат своето место навреме и заедно да ја започнат уште една возбудлива ракометна сезона