РК Еурофарм Пелистер го надигра и совлада АЕК насреде Атина

од November 16, 2021 0 коментари

Ракометарите на Еурофарм Пелистер после пораз и реми, дојдоа до првата победа во Групата Д од Лигата на Европа откако го совладаа Аек на негов терен со 30:27.

Еурофарм Пелистер од почеток до крај беше во предност и имаше целосна контрола на средбата и резултатот така што конечниот епилог не е никакво изненадување на овој дуел. Единствен пат кога беше нерешено, тоа беше уште на стартот кога после 1:0 домашните израмнија на 1:1.

Веднаш после ова тимот на Еурофарм Пелистер имаше 4:1, а овие три гола во 10. минута беа и плус пет, 9:4, па беше полесно да се игра во продолжение.

Извор и повеќе на 24ракомет

 

 

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *