Куќата на фамилија Османли

На аголот помеѓу Широк Сокак и ул.Борис Кидрич,некогашна улица Немањина,отспротива на Народниот Театар,се наоѓа убава и грандиозна жолта куќа која со својата големина и архитектонска убавина го плени погледот на сите битолчани и посетители на градот…
Тоа е куќата на фамилија 11900009_1462044404104967_2191680368445170017_nОсманли.
Ѓорги Османли заедно со својата жена Марика имале пет деца:Дијамандија,Петраки,Елена,Хариклија и Александар.
Ѓорги умира млад и ги остава децата сами со својата мајка од кои поради големата сиромаштија само Александар ја завршува Битолската Гимназија “Идадија”.
Дијаманди отвора дуќан и станува книжар.
Петраки својот бонвивански дух и музички талент го користи за патување низ Европа и светот од каде завршува во Америка и му помага на својот брат Александар да го прелета и тој океанот.Таму Александар во Чикаго учи медицински факултет и истовремено работи како болничар,за да можи да преживее и да го плати школувањето.Користејќи ги познанствата на својот брат Петраќи,кој шиел дури и за Чарли Чаплин,им понудил дури три свои филмски текстови со балканска тематика кои поради тоа што не биле доволно филмувани биле одбиени.11951224_1462044374104970_8046374648267435020_n
Добива многу дипломи и признанија кои сака да ги искористи во својот роден крај и така Александар Османли во 1920 г.се враќа во Битола каде во својата семејна куќа ја отвора својата медицинска ординација каде за две години поради своето големо познавање и успешност во работата како лекар се стекнува со голем углед и големо богатство.
Александар станал успешен лекар и се оженил со Марија,ќерката на богатиот трговец Лазо Сервини,кој како подарок му го дадол плацот каде што е сега куќата изградена.
Заљубен во се што видол во Америка,каде што работел и студирал,истото успева да го пренесе во
својот дом,богато и аристократски,дотогаш невидено во Битола,исто како и убавата градба на неговата куќа која е изградена во 30тите години и била вистинска реткост во градот.
Првобитно на приземјето ја имал својата ординација и еден кат на кој што живеел а подоцна и вториот кат бил дограден и служел за изнајмување,за во случај на неговата смрт,семејството да има средст1611009_1462044437438297_9168001037360780808_nва за егзистенција.
Посебно внимание посветил на внатрешното уредување каде најдобрите мајстори,дограмаџии,резбари и копаничари се погрижиле за изгледот на мебелот,витрините,масите,столовите,канабина…
Посебна убавина имале ѕидовите кој својот сјај го имаат уште ден денес и нема потреба од бојосување.
Александар меѓу првите во Битола наместил паркет,сам ја поврзал електричната инсталација и направил стотина места за светилки.
Украсни ламби има дури и на гелендерите на скалилата,кои му даваат посебен сјај на влезот.Раритет е и музичкиот кабинет во кој има грамофон со рачка и голем звучник на кој може и ден денес да се слушаат плочи кои Александар ги набавувал од странство.
На потомците им оставил “тантенли” порцелан од Кина,сребрени послужавници и сервиси за ручање изработени од најтенко стакло…

 

11947665_1462044420771632_240594760435135688_n

извор книга “Стари семејства” Марина Апостоловска