Фотографија од 1996 година, направена во Домот на културата во Битола, која сведочи за едно златно време на битолскиот бодибилдинг. На неа се Зоран Лазаревски – Паљо, Мирко Петровски, Жарко Срдиќ и Здравко Милчески, имиња кои оставија трага во овој спорт.

Таа вечер победничкиот пехар го подигна Жарко Срдиќ, а Битола уште еднаш потврди дека отсекогаш имала шампиони, дисциплина и љубов кон спортот.
Спомен на една генерација која инспирираше.
