РЕТРО: Кога 1.000 Битолчани ја претворија Бањица во „вулкан“ за Пелистер

од June 7, 2026 0 коментари

„Клуб кој има таква публика заслужува да игра во прволигашкото друштво.“

Ова не го кажал битолчанец, туку тогашниот сојузен селектор Зоран Живковиќ, импресиониран од глетката што ја создале битолските навивачи во Белград.

Во драматичната „мајсторка“, РК Пелистер го совладал Партизан Бјеловар, поранешен европски шампион, со убедливи 21:15 и обезбедил опстанок во елитното југословенско ракометно друштво.

Според тогашните весници, околу 1.000 битолчани допатувале на Бањица и во текот на целиот натпревар со песна и навивање биле осмиот играч на Пелистер. Салата наликувала на „вулканско гротло“, а Битола уште еднаш покажала дека ракометот не е само спорт, туку начин на живот.

Од генерација на генерација, љубовта кон Пелистер останува иста.

Ретро фотографија од Битола Стари Фотографии, исечок од тогашниот печат, сведоштво за едно време кога Битола живееше и дишеше за својот Пелистер.

Babam Bitola

Comments are closed.