РЕТРО: Кога „Чкембарите“ служеа војска, а срцето остануваше со Пелистер!

од July 6, 2026 0 коментари

Една фотографија и едно писмо што будат спомени за едно друго време.

Во оваа архивска објава, припадници на првата генерација навивачи на „Чкембари“, додека го отслужувале воениот рок, испраќаат поздрав до своите другари и до целата навивачка група. Во писмото истакнуваат дека, иако се далеку од Битола, внимателно ги следат случувањата поврзани со ФК Пелистер и македонската навивачка сцена, горди што се дел од групата која, како што наведуваат, го достигнала самиот врв на македонската тифо-сцена.

Ова е уште еден вреден документ од историјата на „Чкембарите“, сведоштво за верноста кон клубот и пријателството кое не го прекинуваат ниту километри, ниту воената служба.

Ретро Битола, кога љубовта кон Пелистер беше и остана начин на живот.

Скок 1993 г.

Babam Bitola

Comments are closed.