Ретро Битола: Славе Димитров – битолчанецот што ги освојуваше југословенските фестивали.

од June 23, 2026 0 коментари

Славе Димитров, роден во Битола на 1 јуни 1946 година, уште како студент по музика дебитираше на скопскиот фестивал на забавни мелодии, каде со првиот настап ја покажа својата посебна надареност и смисла за модерно и современо музичко изразување.

Дипломираше на Музичката академија во Белград. Компонираше, пееше и пишуваше аранжмани, а неговите композиции се изведуваа на речиси сите југословенски фестивали. Пишуваше музика за филм, ТВ драми, играни ТВ серии и театар.

Меѓу неговите награди се првите награди на фестивалите „Ваш шлагер на сезоната“, Суботица и неколку први награди на фестивалот во Скопје.

Славе Димитров работеше и како музички продуцент во Радиотелевизија Скопје.

Извор: ВБУ Музичка Архива

Babam Bitola

Comments are closed.