Стара новинска статија сведочи за уривањето на конакот во кој биле сместени луѓето од военото обезбедување на султанот Мехмед V Решад, при неговата историска посета на Битола во јуни 1911 година.
Според текстот, при посетата старата општинска зграда, која претходно била приватна куќа, била преуредена во резиденција за султанот, со потребниот комфор. Покрај неа бил изграден и конакот – во приземјето биле сместени војниците, а на катот офицерите и личната придружба.
Децении подоцна, конакот бил урнат за да се ослободи простор за новиот Регионален историски архив во Битола.
Посетата на Мехмед V Решад на Битола во 1911 година е документирана и во исклучително значајниот фонд на браќата Манаки, кој денес се чува во Државниот архив – Одделение Битола.
Битола се менува, зградите исчезнуваат, но фотографиите остануваат да нѐ потсетат што имало на нивното место.
📷 Од старата битолска печатена хроника
**Бабам Битола,ја чуваме старата Битола од заборав.**

