Ретро Битола: „Диригент“ на 6.000 навивачи

од July 6, 2026 0 коментари

Во весникот „Нова Македонија“, на 20 јануари 1972 година, бил објавен текст за Мате Шундовски од Битола, земјоделски техничар во Лозарскиот комбинат „Лозар“, но и еден од најпознатите навивачи на ракометниот клуб „Пелагонија“.

Го нарекувале „диригент“ на навивачката маса, човек кој со својот темперамент и сугестивност ги водел 6.000 гледачи на битолското ракометно игралиште. Кога играла „Пелагонија“, Мате и неговиот навивачки хор биле дел од приказната.

Вистинска ретро битолска спортска легенда.

Нова Македонија, 20 јануари 1972 г.

Babam Bitola

Comments are closed.