Ретро: Билјана Дамјановска млад музички талент од Битола

од March 14, 2026 0 коментари

Билјана Дамјановска, родена во Мостар во 1962 година, уште од млади години ја покажува својата љубов кон музиката. Како ученичка во Музичкото училиште во Битола настапувала на бројни приредби и музички настани, каде што нејзиниот талент брзо бил забележан.

На фестивалот „Златно славејче“ во Скопје во 1972 година ја освојува првата награда од публиката и втората награда од стручното жири со песната „Еј, гулаби, гулаби бели“. Следната година повторно настапува на истиот фестивал и повторно добива награда, овојпат втора, за изведбата на песната „Зошто“.

Со своите настапи Билјана Дамјановска се појавува и на фестивалите „Младина 79“ и „Денови на македонската музика во Словенија“, а зад себе има и неколку снимки за музичката продукција на РТС.

Еден убав потсетник на времето кога младите таленти од Битола ги освојуваа музичките фестивали во поранешна Југославија.

Текст обработен од ВБУ Воскресение 2025

Babam Bitola

Comments are closed.