Ретка снимка од 1993 година го оживува испраќањето во пензија на командирот на пожарната Стојан Стојановски

од March 26, 2026 0 коментари

На редакцијата ѝ беше доставена ретка видео снимка од 1993 година, која го прикажува испраќањето во пензија на долгогодишниот командир на Противпожарната единица Битола, Стојан Стојановски.

Снимката, која потекнува од приватната архива на семејството Стојановски, нуди вреден поглед во едно време, но и во работата на пожарникарите и секојдневието на градот Битола во раните 90-ти години.

Стојановски, роден во селото Орле, ја извршувал функцијата командир цели 16 години, оставајќи значаен белег во развојот и функционирањето на противпожарната служба во градот. По неговото пензионирање во 1993 година, колегите и пријателите му приредиле достојно испраќање, дел од кое е забележано токму на оваа снимка.

Покрај неговата професионална кариера, Стојановски бил препознатлив и како еден од првите сладоледџии во Битола, што дополнително го врежува неговото име во градската меморија.

Стојан Стојановски почина минатата година на 90-годишна возраст.

Видеото, кое сведочи за едно време и еден човек, наскоро ќе биде објавено, носејќи уште една значајна приказна од битолското минато.

Благодарност до Ивана Стојановска

Babam Bitola

Comments are closed.