Реката Драгор — Живиот симбол на Битола и нејзината промена низ времето

од October 21, 2025 0 коментари

Реката Драгор настанува од две помали реки познати како Диовска Река и Братиндолска Река (Братиндолка, Бороица). Диовската водите ги прибира од потоците што извираат на Баба Планина, а кои се: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Река и Клисурица, додека Братиндолката се напојува од водите на суводолиците што врват покрај селата Магарево, Трново и Братиндол.

Неговата должина низ Битола изнесува 4,5 км., додека во сето течение е 25,123 км. Ако му се придодадат и вододелниците, вкупната должина изнесува 67 км., со слив од 188 км. квадратни. Средниот пад е 17,0%.

Количеството вода варира и е во тесна врска со врнежите и со подземните води. Во периодот ноември-јуни низ градот просечно протекуваат 2-3 м. кубни во секунда, со водостој од 10-50 см., додека во летните месеци протекот значително е намален и е 0,2- 0,5 м. кубни во секунда, со водостој од 10-50 см. во секунда. Се случува коритото да е и наполно суво.

Максимален месечен водостој и проток има во месец април со 4,47 м. кубни во секунда и во мај со 3,09 м. кубни во секунда и тоа е во тесна врска со топењето на снеговите на Баба Планина и врнежите што се случуваат. Во интервалот јуни-ноември се јавува минимум водостој од 25 до 7 см. со проток од 0,63 м. кубни во секунда.

Со изградбата на Хидросистемот “Стрежево” во 1983 год. некои од овие карактеристики генерално се изменија. Дел од водата што природно се влевала во реката, со собирниот канал се пренасочува во Стрежевското Езеро. Благодарејќи на каналов опасноста од поплави значително е намалена. Во летните месеци, кога дотекот е спаднат на минимим, со водите од Стрежевското Езеро се корегира и се потпомага одржуваwето на флората и фауната.

Книга Драгор, Алексансар Стерјовски

Babam Bitola

Comments are closed.