Вчера вечер, во волшебната атмосфера на пациото на НУ Завод и музеј Битола, во рамките на фестивалот „Илинденски Денови“, се одржа ревијата на народни носии насловена „Аманет“. Овој настан претставуваше кулминација на активностите за одбележување на големиот јубилеј – 70 години од постоењето на КУД Илинден Битола.

Со гордост упатуваме голема благодарност и признание за извонредната посветеност и ангажман на Филип Јаковлевски, Младен Коминовски и Ана Петрова, чии труд и ентузијазам беа клучни за синоќешниот визуелен и културен спектакл.

Настанот се реализираше со поддршка од Министерство за култура, Центар за култура Битола, Општина Битола – официјална страница, како и спонзорите MINT FinTech Group, Hemometal Doo Bitola, Josifov и Vemilk.













„Аманет“ не беше само ревија, туку вистински омаж на македонското културно наследство и доказ дека традицијата гордо чекори кон иднината.








