Сакавме да останеме воздржани во врска со прашањето со отворањето на бугарскиот клуб, но сме прозвани од многу страни па чуствуваме потреба да го искажеме нашиот став со соопштение иако мислевме дека преку паролите извадени на трибини сме доволно јасни.
Уште пред отворањето во пораки од поединци и од организации бевме убедувани да повикаме на протести, кои ако се случеа не знаевме како ќе завршат. Имајќи искуство од претходни слични настани каде подоцна поединци од групата добивале кривични и прекршочни пријави одлучивме да не организираме ништо. А и целта на посетата на бугарските “гости” беше таа, да направат провокација и да има реакција од Македонска страна.
Ние сме навивачка група, и единствена цел на нашата група е бодрење на спортските колективи под името Пелистер. Нашиот патриотски и родољубен карактер сме го покажале и докажале многупати претходно. Нашето мислење, нашиот став за бугарскиот клуб го искажавме на трибина каде ја истакнавме паролата ПАРИТЕ ОПСЕСИЈА-БУГАРИН ПРОФЕСИЈА пропратена со пеење на песната проклети да се предавниците.
Чкембар да си, значи да го сакаш Пелистер но и Македонија. Слично соопштение имавме и пред неколку месеци, ние немаме ништо против никого се додека некој нема против нас. Не можи да биди некој дел од нас ако тој истиот подржува пропаганда на негирање на македонскиот идентитет, име и историја. Постапките на многу мал број на сега веќе наши ПОРАНЕШНИ членови не ја одразуват идеологијата и карактерот на групата. Ние сме навивачка група и сакаме да се држиме само до спортскиот живот на Битола и се надеваме дека во иднина на ниеден начин нема да бидеме вовлечени во никакви други игри и приказни.
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ 👌🇲🇰
Дома бабам Битола Реакција на навивачката група Чкембари за предавничкото име на клубот Ванчо Михајлов...