Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и тренерот Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. Одлуката доаѓа по барање на Алонсо, кој поради приватни причини ќе се врати во Германија.

Од клубот информираат дека соработката завршува во пријателски дух и му се заблагодаруваат на Алонсо за неговата посветеност и придонес во изминатиот период.

“Му посакуваме многу успех понатаму, и професионално и приватно,” велат од Еурофарм Пелистер.

Раководството на клубот наскоро ќе соопшти детали за новиот стручен штаб.