Расчистен патот кон Хотел Молика – подобрена безбедноста и прегледноста на Пелистер

од June 29, 2026 0 коментари

По барање на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола, денеска беше извршено косење на тревната вегетација и расчистување на делови од патниот правец низ Националниот парк Пелистер, кој води кон Хотел Молика.

Активностите ги реализираше ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија Пат, со цел да се подобри прегледноста на патот и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Со расчистувањето значително се подобрени условите за движење на возилата, а воедно е унапреден и изгледот на една од најпосетуваните туристички делници на Пелистер.

Од ЕСМ Молика упатија благодарност до ЈП Македонија Пат за професионалниот ангажман и успешната соработка, истакнувајќи дека ваквите активности придонесуваат за побезбедна инфраструктура и поквалитетно туристичко искуство за сите посетители на Националниот парк Пелистер и Хотел Молика.

Babam Bitola

Comments are closed.