Ракометарите на Еурофарм Работник денес ги започнаа тренинзите пред вториот дел на Суперлигата. Иако во преден план на ракометната јавност е Европското првенство, со мали исклучоци, Темелковски го имаше целиот ростер на располагање. Гоце Ојлески е со македонската репрезентација на континенталниот собир, а Мсквалидѕе во рамките на квалификациите за Светското првенство има натпревари со грузискиот национален тим.

Деновиве се очекува пристигнувањето на босанскиот интернационалец Граџан, кој ќе се приклучи на тренинзите. Екипата ќе работи во спортската сала „Младост“ и ќе одигра неколку пријателски натпревари на крајот од јануари. Целта е екипата да го дочека европскиот двомеч против норвешкиот Берген подготвена. Првиот натпревар од осминафиналето на Челинџ Купот битолчани го играат на 16 февруари во Битола, а седум дена подоцна се игра возвратниот натпревар во Скандинавија.
По првиот дел од Суперлигата, Еурофарм Работник презими на второто место со 28 бода.

Извор РК Еурофарм Работник