Во сабота, 25 октомври 2025 година, во 11:00 часот, во Офицерскиот дом – Битола, ќе се одржи работилницата „Предност на доењето – создаваме одржливи системи за поддршка“, во организација на школото за трудници и доење „Бебелогија“ со поддршка на „Роса вода“.
Настанот е дел од програмата „Роса школите за родителство“ и е наменет за трудници и родители кои сакаат да добијат корисни совети за доење, лактација и првите денови со новороденчето.

Работилницата ќе ја води Јасна Апостолски Николов, дипломирана медицинска сестра и IBCLC консултант за доење.
Влезот е бесплатен – сите заинтересирани се добредојдени!
📍 Офицерски дом, Битола
🗓️ 25 октомври 2025, 11:00 часот





