Патот што води кон Ски-центарот Стрежево е целосно прооден и исчистен, што овозможува безбедно движење за сите посетители.
Во моментов, снежната покривка не е доволна за одржување на скијачки активности, па скијање засега нема. Сепак, центарот останува отворен за сите љубители на планината, прошетки и зимска атмосфера.

За посетителите на располагање е угостителскиот објект, каде во текот на целиот ден може да се ужива во топло кафе и други топли напитоци, во пријатна и релаксирана атмосфера.

Надлежните служби ќе продолжат да ја следат состојбата со временските услови, а јавноста ќе биде навремено информирана доколку се создадат услови за скијање.





