Промовирана книгата „Корени“, уште едно дело со кое е збогатена битолската хроника на убавите и големи градски фамилии

од August 6, 2022 0 коментари

Денес на 06.08.2022 г. во 19.00 часот во Офицерски дом во Битола беше одржана промоцијата на книгата „Корени“ која е автобиографско дело на авторката Гордана Лазаревска во кое таа раскажува за себе, својата фамилија и за нејзиниот роден град Битола.

На настанот беа присутни членови од нејзината поширока фамилија од Битола, Македонија, Србија и Канада. Како почесни гости беа поканети битолските хроничари проф. Александар Стерјовски и Петар Ставрев заедно со директорот на битолскиот Архив Одделение Битола м-р Гоце Стојановски. Мима Герас Дочовска и Наде Геневска Брачиќ беа битолските дами кои ѝ подарија посебен белег на оваа промоција раскажувајќи го делото со сопствени зборови до сите присутни гости, на кое му подарија посебен битолски шарм во салата на Офицерски дом, Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.