Продолжува обновата на Св. Спас во село Маловиште – денес е изградена дрвената конструкција

од July 18, 2026 0 коментари

Со заедничка работа, посветеност и љубов кон духовното и културното наследство, денес е завршена изградбата на дрвената конструкција на новиот објект кај црквата „Св. Спас“ во село Маловиште.

По претходните активности за расчистување и подготовка на теренот, денешниот ден претставува уште еден значаен чекор во реализацијата на иницијативата, која се спроведува благодарение на ангажманот на бројни доброволци и поддржувачи.

Работите продолжуваат и во наредниот период, со цел просторот кај „Св. Спас“ да добие уреден и функционален изглед, зачувувајќи го духот на едно од најубавите места на Баба Планина.

Почит и благодарност до сите кои со својот труд, време и несебична помош се вградуваат во ова дело. Секој чекан, секоја греда и секој час работа се дел од една приказна што ќе остане за идните генерации.

Babam Bitola

Comments are closed.