ИНТЕРВЈУ ВО КИНОПИС НА СТЕФАН ХАЏИ АНДОНОВСКИ
СЕЌАВАЊЕ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА КИНО КЛУБОТ “МИЛТОН МАНАКИ” ОД БИТОЛА
ПРОДОЛЖЕТЕ ГО МОЕТО ДЕЛО И СТАНЕТЕ ПОСЛАВНИ ОД МЕНЕ
Од поодамна во Битола постоеја иницијативи за формирање на еден аматерски киноклуб кој ќе се занимава соснимање филмови. Но, идејата стана стварност дури на 12 јануари 1964 година кога група ентузијасти – поклоници на филмската уметност, на чело со Јорго Лазаревски, во рамките на Работничкиот универзитет “Крсте Мисирков”, го основаа кино клубот “Милтон Манаки . Пред да се одржи основачкото собрание, ние неколкумина ентузијасти иницијатори за формирање на кино клубот, го посетивме Манаки во неговиот дом и му ja изразивме желбата и тој да присуствува на основачкото собрание, но тој беше сериозно болен и не можеше да ја исполни таа наша желба. Кога потоа му соопштивме дека би сакале кино клубот да го носи неговото име, тој ни рече:
“Гледате дека сум тешко подвижен, мојот живот се ближи кон крајот. Ќе ми биде особено мило ако клубот го носи моето име и ви давам една порака – продолжете го моето дело и станете пославни од мене”.
На основачкото собрание им ја пренесовме неговата порака на идните киноаматери и сите со бурен аплауз ја поздравија иницијативата клубот да го носи неговото име.
Веднаш по основачкото соврание започна со работа курсот за киноаматери што го посетуваа преку 80 слушатели, а часовите ги одржуваше Јорго Лазаревски, Курсот траеше пет месеци. При посетата на Манаки во неговиот дом, јас се интересирав за тоа како ги промивал неговите филмови и тој ни ја покажа рамката во
која ги намотувал филмовите и во која рачно ги промивал. Во почетокот, ние во Клубот филмовите ги развивавме рачно во специјални емајлирани канти и во дрвена рамка, заедно со наставникот на курсот.
Својот прв филм го реализирав
Јорго Лазаревски, и тоа со единствената кинокамера што ја имаше клубот “КВАРЦ”. Тоа беше погребот на првиот киноснимател на Балканот – Милтон Манаки. Подоцна на филмот му дадовме наслов „Последна почит на Милтона Манаки”.
Се сеќавам многу добро дека времето беше облачно и врнежливо, Јас имав задача да снимам и покрај лошото време, а во камерата имав филм од 2 х 8 мм „аква” од снимањето. Другите сниматели ме одвраќаа, но си ја вршев својата работа. И, навистина, снимениот материјал можеше целосно да се искористи, па со Јорго Лазаревски го дооформивме филмот.
Киноаматерите од Битола се горди што нивниот клуб го носи името на првиот киноснимател на Балканот, а во својата преокупација ја имаат задачата да снимаат документарни филмови, продолжувајќи го со тоа делото на својот патрон.
Од своето формирање до денес овој клуб има реализирано повеќе филмови од сите жанрови. Има освоено и повеќе награди на фестивалите во земјата и странство, а покрај тоа има реализирано и неколку интересни документарни „журнали” кои претставуваат историска града за развитокот на Битола.
Основната дејност на клубот е да ја шири филмската култура ка
луѓето преку разни курсеви и предавања и преку прикажување на аматерски и други филмови. Киноклубот скоро редовно учествува на аматерските филмски фестивали во земјата и странство и ги регистрира лицата кои поседуваат кинокамери и проектори во градот и околината.
Покрај тоа, клубот тесно соработува со киноклубовите кои на некој начин се поврзани со името на Милтон Манаки, а исто така секоја година го одбележува датумот на неговата смрт 5 март Битола, 12. IV.1978 година
Извор Кинопис