Во недела (12.10) од 17:30 часот, на стадионот „Петар Милошевски“, ФК Пелистер ќе одигра пријателски натпревар против романскиот гигант Динамо Букурешт.

Натпреварот ќе има посебна тежина – Пелистер одбележува 80 години постоење, а навивачката група Чкембари слави 40 години од своето формирање.

По овој повод, Чкембарите повторно се враќаат на својата матична трибина. Организаторите велат дека ваквите прослави се совршена можност за потсетување на старите времиња, оживување на спомени и средба на различни генерации на навивачи.

На трибината ќе се продаваат по симболична цена специјални маици со ретро фудбалски моменти, кои ќе бидат промовирани еден ден пред натпреварот.

Битола во недела ќе биде во знакот на зелената и белата боја – во чест на славното минато и во надеж за светла иднина на битолската движечка сила — Чкембари.