Битола,Битољ,Манастир,Монастирли…
Град со најповеќе историја во Република Македонија,град со најмногу знаменитости од време на големото Отоманско царство.Град во кој е и познатата принцеза на Балканот Хајдар Кади џамијата..
Изградена во 1561-1562 година, со средства од Ајдар бег, како едно големо дело од ремек делата на отоманскиот архитект Мимар Синан, кој бил нарекуван Микеланџело од Блискиот Исток, поради грандиозноста на Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене, кои исто така биле негови дела. Според Евлија Џелебија од XVII век, оваа џамија се сметала за една од најубаво декорираните во тоа време кога се изградила.По двете светски војни,таа најмногу се запостави и од неа остана само фасадниот дел.
Хајдар Кади џамијата е единствена во регионот со отворен трем и според записите, таа имала две минариња. Историјата говори дека таа била реставрирана последен пат во 1890 година и во 1910 година, пред посетата на султанот Решад Vти на Битола.
Во овај период е при крај реставрацијата на оваа џамија која е започната во соработка на битолското муфтијство со средства и донации од Турската влада.
Овие дена е и за првпат пуштена светлосната илуминација која навистина не остава без здив.
Битола и битолчани со многуте убави знаменитости што ги поседуваме во нашиот град,можиме само од туризам да живееме,а меѓу нив сега ”разубавена” е и нашата некогашна најубава принцеза на балканот Хајдар Кади џамијата од Битола бабам Битола…
Машала !
Сликите се од Eрчан Одабаши,благодариме
Teşekkür ve saygılarımla !