ПрилепчанецО Дарко Штаргоски, ковинар, ја опишува неделната атмосфера во Битола како сцена што ретко се гледа во Македонија.

„Недела – ден за одмор и прошетка. Шеташ низ Битола и си помислуваш дали си во Битола или некаде надвор од државата“, вели тој.

Според неговото сведоштво, градот бил преполн – едни во моловите, други на санкање и скијање на Нижеполе и Пелистер, а Широк Сокак личел како европска пешачка зона во полн ек. Кафулињата и кафаните биле без слободно место.

Во Битола, покрај прилепчани, можеле да се сретнат и бројни странски туристи – Турци, Грци и гости од други земји, што, како што нагласува, е јасен показател за живоста и потенцијалот на градот.

Прилепчанецот посочува дека ваквата слика е и потсетник за штетите направени од политичките елити во изминатите десет години, и на централно и на локално ниво. Наместо постојано сликање по настани, смета дека е време за вистинска работа и конкретни резултати.

„Прилеп заслужува многу повеќе“, порачува тој. Поддршка има и од нас. Треба на сите да ни е убаво па и пролепска скара уба да имаме во Битола. На шример Кермес Битолски .

П.С. Се поставува и прашањето: дали некој пресметал колку пари завршуваат во Битола за само еден ваков викенд?