Во близина на денешна Битола, археолозите открија остатоци од дрвени конструкции стари цели 8.400 години – едни од најстарите во Европа! Се верува дека таму живееле првите земјоделци на Пелагонија, кои граделе куќи од дрво и кал, правеле огништа, керамика и алатки од коска. Овие откритија откриваат како изгледал животот на луѓето што први ја населиле нашата рамнина – во време кога цивилизацијата штотуку почнувала да се буди.
Токму тука, на земја која денес ја викаме Битола, некогаш се кроеле првите навики, занаети и обичаи што ќе ја обликуваат иднината на целиот регион. Историјата што ја открива оваа приказна нè потсетува дека Пелагонија не е само поле, туку темел на европската култура.
Прочитај повеќе: ТУКА





