Имаше еден хотел во Монастир (Битола), за чиј маки во овој поглед почувствував вистинска симпатија. Отидов таму на поминување и во потрага за името, видов само прскање од свежа вар на место каде што се очекува да биде натписот на хотелот.

“Кое е името на хотелот?” Го прашав сопственикот.
Тој се насмевна нелагодно. “Ох, тоа ќе го најдете доста лесно”, рече тој, “Таму е главната улица и зависи многу и од неа како хотелот ќе се вика ___”
Да јас знам; но она што е, неговото име?
“Па”, рече сопственикот, со двоумење “, Тој се уште не го има добиено името”.
Меѓутоа, следното утро ново име. Најдов свежо позлатени букви со наслов “Hôtel EUROPEEN” (Хотел Европа). Тогаш научив историја исполнета со настани на назначување на хотелот. Кога Србите го освоија Монастир (Битола) од Турците сопственикот соодветно сакаше да го одбележи настанот и да привлече корист со промена на неговото оригинално име и го прекрсти во “Hôtel de La Nouvelle Serbie”.
Три години подоцна, во истиот месец, Бугарите го превзедоја градот од Србите и хотелот за брзо стана “Hôtel de La Nouvelle Bulgarie”.

Сега, точно дванаесет месеци подоцна, Србите го повратија назад Монастир, и знакот “Nouvelle Bulgarie” мораше да тргни за да се избегнат одредени проблеми. Сопственикот ми рече дека сега се откажаа од обидите името на хотелот да се задржи со овие постојани промени на националноста на градот. Потребата од постојана промена на неговото име имаше и многу значење во добивката на неговиот бизнис, а доцнењето на промената на стариот, или грешка во изборот на нов, можеше да доведе до остри негодувања и затоа се отстранува натписот во раните утрински часови.

Па тој одлучи во иднина хотелот да се вика “Хотел EUROPEEN”, и ми рече дека чувствува, за некое време, во секој случај, да нема проблеми повеќе. Армиите на држави од конфликтите би можеле да се слеваат низ главната улица заедно, нивните војници ќе можат слободно да ја потрошат нивната заштеда и  ноќи во неговите соби. Така и нивниот гнев не би бил повеќе под влијание и револт од националните чувства изразени поради на името на хотелот. И во рамка на довербата која се очекува достоинствено да ја добие титулата “Хотел Европа” кога дојдов да ја платам сметката, забележав дека сопственикот ги зголеми цените за своите соби за два франци во споредба кој било друг хотел во градот…(крај на извадокот)
Хотелот Европа се наоѓал пред Домот на Културата во Битола, поточно во делот каде сега наоѓаат јарболите. Ги преживеја сите војни и освојувачи, но не преживеа баш тогаш кога дојде нашата грижа за него. Рушен најверојатно заедно со зградата од стариот Народен театар…
Извадок од  “Приказната за Солунската армија” од Г. Вард Прајс
Фотографија од Монастир, Битола, 1916 година сопственост на IWM France…

 

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here