Филмот е снимен во битолското село Буково, во септември 2016 година како дел од серијалот „На трпеза кај…“, чиј продуцент и режисер е Мирјана Момировиќ.


Трае 26 минути, живописно го презентира животот на селаните во Буково, а во фокусот е семејството на Илинка Главевска преку кое е раскажана приказната за буковската пипер, нејзиното производство и преработка. Но, семејството Главевски со Момировиќ ги споделува и најавтетичните рецепти во кои се користи зачинот: тавче-гравче, солило, сарма со лозов лист, питулици,…
– Ова е серијал што ги поканува сите љубители на традиционалната храна да ги активираат своите сетила, гледајќи во кујните на семејствата од различни култури во Европа. Во потрага сме по локални специјалитети, занаетчиски сирења и вино, запознаваме луѓе кои се занимаваат со одгледување овци, риболовци,…, вели Момировиќ.