Ние ги нарекуваме „Пржени лепчиња со јајца“, а светот „Француски тост“ 🙂 Многу позната храна во Македонија, најчесто се служи за доручек. Ова е еден од најдобрите начини да се искористи бајатиот леб. Најдобро е ако лебот е стар околу 2 дена.
Состојки:
8-10 парчиња леб
5 јајца
малку млеко или јогурт (по желба)
сол по вкус
масло за пржење
Подготовка:
Исечете го лебот на парчиња со дебелина 2-3 цм.
Јајцата изматете ги со вилушка или жица. Додадете сол.
Додадете малку млеко или јогурт.
Измешајте.
Загрејте го маслото. Секое парче леб потопете го во јајцата и веднаш ставете да се пржи во загреаното масло на средна температура. Превртете ги на другата страна по некое време и внимавајте да не загорат. Повторете го истото и сопреостанатите парчиња леб. Додадете уште масло ако е потребно.
Ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот на масло.
Послужете со битолски јогурт и сирење за појадок или вечера.
Извор Македонска Кујна