Претседателот на куќен совет во зграда на ул. Димче Лахчански со соопштение на влезната врата најави заедничка акција за уредување на просторот пред влезот која ќе се одржи во недела, на 3 мај 2026 година.


Во соопштението стои:
„ПОЧИТУВАНИ СТАНАРИ
На ден 03.05.2026 (недела) планираме да се изврши берење на искосената трева и отстранување на кабастиот отпад од пред влезбите.
За таа цел, ако сте во можност, ако сакате, ако чувствувате потреба да помогните би ни било мило да се видиме во недела.
План за старт на акцијата е да почниме во 09:30 се до завршување на истата.
Ако мислите дека не е тоа за вас слободно уживајте, ние ќе ви средиме само за вас да ви е убаво.
Со почит
Куќен совет“
