За првпат ова лето, Битола ќе блесне во ново светло со премиера на новиот проект Симфонија на Цвеќињата или Flowers Symphony, кој ќе ја претвори музиката во градина од чувства, ноти што цветаат, и уметност што диши.
Во прекрасната Хераклеја, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија, каде древната историја и современата уметност се спојуваат под ѕвезденото небо, ќе се случи концерт што ќе го обележи летото во Битола. Како што „Виена во Битола“ стана симбол на зимската културна елеганција, „Симфонија на Цвеќињата“ доаѓа како нејзин летен пандан, нова традиција што ќе ја слави убавината на најпознатите италијански канцони како Time to say goodbye, O Sole Mio, Flower Duet и многу други под отворено небо.
Карти во продажба на https://yournextevent.info/events/flowers-symphony и во Тобако Димпо.