На иницијатива од млади битолчани кои се дел од Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак, кој е општествена организација на млади луѓе од 18 до 30 години, со цел за подобрување на општеството со создавање на проекти во корист на општеството во кое што живееме, е изработена апликација со која граѓаните во Битола и во Македонија ќе можат да добијат брз и полесен пристап до административните процедури и најбитното-да не лутаат по административните лавиринти и шалтери.
Накратко, мобилната апликација ,,Мој Документ” претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе Ви помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции и тоа: Основен суд, Фондот за здравствено осигурување, Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за Катастар и Недвижности, Управата за водење на Матични книги и Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.
Проектот во иднина е планирано дополнително да се развива, надоградува и надополнува.
Повелете на следните линкови
Посетете ја нашата фан страна
Ви благодариме.
Ротаракт Широк Сокак Битола