Прв „Чкембе Фест“ во Битола – таму каде што чкембето е дел од градската приказна

од • September 17, 2026 • 0 коментари

Ако некаде природно му прилега да има Чкембе Фест, тогаш тоа е Битола. Чкембе чорбата овде не е само јадење, туку дел од старата градска и кафеанска традиција.

Корените се врзуваат со османлискиот период, кога Битола била голем трговски и административен центар, а низ чаршијата работеле чорбаџилници во кои се подготвувале хранливи чорби за занаетчии, трговци и патници. И официјалниот туристички водич за препознатливите македонски производи ја издвојува „Битолската чкембе чорба“, наведувајќи дека традицијата на ова јадење на овие простори се проширила во времето на Отоманската Империја.

Постои и стара битолска приказна дека чкембињата некогаш се миеле во водите на Драгор, од каде низ шега се објаснувал и прекарот „чкембари“. Тој дел повеќе припаѓа на градскиот фолклор отколку на документирана историја, па така и треба да се пренесува.

Но дека традицијата е стара има и поинтересна трага: за Христо Мацанов (1854–1939) се запишува дека бил прочуен мајстор за чкембе чорба, а занаетот го учел токму во Битола; на неговиот надгробен споменик дури било забележано дека бил чкембеџија.

Многу подоцна чкембето ќе стане дел и од современиот идентитет на градот. Во 1985 година битолската навивачка група го прифаќа името „Чкембари“, токму како асоцијација на далеку познатата битолска чкембе чорба.

Затоа, можеби само едно недостасуваше: Битола конечно да добие свој Чкембе Фест.

Од 9 до 11 октомври 2026 година, традицијата ќе се пресели од старите чорбаџилници на една нова фестивалска приказна.

Babam Bitola

Comments are closed.