ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ЗОРАН ПЕТКОВСКИ – ПЕТКОТО“ ВО БИТОЛА

од August 11, 2026 0 коментари

На 16 и 17 септември 2026 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе се одржи првиот Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“.

Организатор е Кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“, а турнирот ќе обедини врвни македонски кошаркарски клубови во чест и сеќавање на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка.

Екипите учесници, програмата и дополнителните активности ќе бидат објавени во наредниот период.

Два дена кошарка во Битола во чест на Петкото, неговото име и наследство продолжуваат да живеат.

Babam Bitola

Comments are closed.