Привршуваат подготовките за Првиот Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“, настан посветен на човекот чие име и љубов кон спортот остануваат во сеќавањето на Битола.

Картите за турнирот се веќе подготвени и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари, а целиот приход од нивната продажба ќе има хуман и спортски карактер.
Сите собрани средства ќе бидат наменети за набавка на спортски реквизити за училиштата, со што споменот за Зоран Петковски – Петкото ќе продолжи да живее токму таму каде што се создаваат идните генерации спортисти.
Овој турнир треба да биде многу повеќе од кошаркарски натпревар – традиција која ќе го чува неговото име преку спортот, младите и добрите дела.
Не го чуваме само во спомен – го чуваме во дело. Неговото име нека биде водилка за многу генерации.
