Чест и задоволство ни е да ви го најавиме првиот летен Чкембарски турнир кој се организира со цел за дружба преку екипни спортови каде што ќе го докажеме нашето братство и сплотеност, во кој учество ќе земат бројни екипи на чкембарските подгрупи, битолските маала и симпатизери на спортскиот бренд Пелистер.
Во минатото се организирале повеќе вакви турнири кои биле успешни но поради одредени причини не задржале континуитет. Се надеваме дека баш овај турнир ќе биди традиционален и ќе остани во аманет на следните генерации кои ќе ја чуваат честа на градот. На овај турнир планирани се три екипни спортови поделени во две категории и тоа: фудбал(4+1)-возрасни/деца до 15г, баскет(3×3)-возрасни/деца до 15г и за крај тргање со јаже, каде секоја екипа треба да брои по 5 души.
Пријавувањето на екипи се извршува со порака на овај профил каде ќе го нагласите името на тимот и спортот во кој сакате да се натпреварувате. Последен рок за пријавување е вторник(11.07) до 18ч, не е дозволено пробивање на рокот поради точно испланираното време за организирање од страна на организаторите.
Секој член од екипа кој ќе земи учество на овај турнир е задолжен да носи иста маица како своите соиграчи, маици од подгрупи, чкембарски маици или дресој од Пелистер, со цел подобро распознавање. Исто така, сите оние кои не планират да бидат дел од игрите, а сакат да присуствуват на турнирот, нека си носат чкембарски маици или дресој. Околу спортските терени ќе бидат поставени штандој со Чкембарски реквизити каде што секој што сака ќе можи да си купи маица и др. Момците што се задолжени за организацијата максимално се потрудија да набават пиво и скара за сите, истите ќе бидат бесплатни.
Затоа ова е апел до секој поддржувач и симпатизер на светите бои, до секој навивач, до секој вљубеник на името Пелистер, дојдете и бидете дел од спектаклот каде што ќе докажиме колкава е нашата сила, кои сме ние и зошто сме. Овие денови очекувајте повеќе информации и ажурност од наша страна.
Турнирот ќе се одржи на спортските терени во ОУ “Тодор Ангелевски” во петок(14.07) со почеток од 17 часот.